Врховен суд ќе решава за притворените пратеници

Врховен суд на Македонија

Врховниот суд денеска на јавна седница ќе одлучува за притворите на обвинети од настаните во Собранието на Македонија од 27 април. На седницата се повикани пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски по што се очекува судот да се изјасни дали е потребно продолжување на нивниот притвор. Муковски и Василевски се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Меѓу нив е и поранешниот министер на МВР, Митко Чавков.