Трамп бара смртна казна за дилерите на дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп побара поостри казни за дилерите на дрога, меѓу кои и смртна казна. Тој го претстави неговиот план за борба против зависностите од опоиди. Се проценува дека скоро 2 ипол милиони американци се зависни на наркотици, од хероин до лекови против болки кои се издаваат на рецепт. Неговиот предлог за смртна казна за дилерите на дрога наиде на критики од демократите кои оценуваат дека тоа нема да ја реши кризата со опоидите во земјата.