Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека стратешкиот избор на земјата е нејзино целосно членство во ЕУ. Според него, Тирана никогаш не се стремела и не се стреми кон реализација на митот за „Голема Албанија“.
Тој во интервју за грчкиот весник „Вима“ посочи и дека Атина и Тирана постигнале согласност за изготвување нов договор за морските гранични зони меѓу двете земји за кои имаат несогласувања.