Белата куќа: Трамп не размислува да го отпушти специјалниот советник Мулер

претседателот Доналд Трамп

Од Белата куќа е соопштено дека претседателот Доналд Трамп не размислувал да му даде отказ на специјалниот советник Робер Мулер. До ова дојде по серијата Трвитер пораки на Трамп со критики за истрагата на Мулер во врска со руското мешање во претседателските избори во 2016 година и можните врски со кампањата на Трамп. Претседателот Трамп постојано повторува дека истрагата е политички мотивирана и претставува „лов на вештерки“.