Продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина

Брисел

Преговорите меѓу Белград и Приштина продолжуваат денеска во Брисел, а меѓу темите на разговори ќе биде и примената на договорот за формирање Заедница на српските општини на Косово. Предвидено е ова рунда преговори да трае до 21 март. Претходниот дијалог меѓу Белград и Приштина на техничко ниво, со посредство на Европската унија, беше одржан кон крајот на февруари по прекин од над една година.