Путин: немам намера сто години да бидам на власт

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека на Русија и е неопходен исчекор напред во сите области и најави дека нема намера сто години да биде на власт. „Ни треба решителен чекор напред. Ние може да го направиме, бидејќи дојдовме до такво ниво„“, рече тој во неговиот предизборен штаб по објавувањето на прелиминарните резултати од претседателските избори на кои тој победи со над 76 насто од гласовите. 65 годишниот Путин претходно на собирот во центарот на Москва кој официјално беше наречен „Русија, Севастопол Крим“ посветен на четири годишнината од припојувањето на Крим кон Русија изјави дека неговата победа била признание за она што го направил во изминатите години.