Бошњаковски: Посетата на Коѕијас чекор напред кон решавање на спорот

Портпарол на Влада на Македонија, Миле Бошњаковски

Посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Македонија е чекор напред кон конечно решавање на спорот, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. Точниот датум за доаѓањето на Коѕијас се уште не е утврден, но се очекува тој во Скопје да пристигне во наредната недела.

Тој повтори дека секое решение за спорот ќе оди преку медијаторот на ОН, Метју Нимиц и оти тоа ќе биде постигнато со заеднички компромис во интерес на двете страни.