Пожарот во Карпош предизвикан од запалена изолација

Архивска фотографија.

Запалена изолација е причината за пожарот што денеска попладне избувна во објект во изградба на ул. „8 Септември“ во скопската општина Карпош.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот е изгаснат. Интервенирале со 15 пожарникари и шест возила.