Започнаа зимските параолимписки игри во Пјеонгчанг

Људмила Ваучок од Белорусија тренира за време на зимските олимписки игри во Пјеонгчанг

Најголемата зимска параолимпијада официјално започна со церемонијата на отворање во Пјеонгчанг, Јужна Кореја. Ќе се доделат вкупно 80 медали за шест спортски дисциплини, а параолимпијадата ќе трае до 18 март.

Во параолимпијадата учествуваат рекорден број на 567 спортисти од 48 земји, како и неутрална параолимписка атлетска делегација од Русија.

Претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс ја бранеше одлуката да им се дозволи на Русите да учествуваат на олимпијадата. Северна Кореја ќе дебитира на параолимпијадата со двајца спортисти во крос-кантри скијање.