Наместо во март, разговорите од процесот „Жан Моне“ во мај

Европратениците Иво Вајгл и Едуард Кукан

Разговорите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание, иницирани од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан се одложени за во мај, јавува МИА.

Претходно беше најавено дека средбата ќе се одржи од 15 до 17 март и дека на неа ќе присуствува и еврокомесарот Јоханес Хан. Според, канцеларијата на Вајгл, средбата се одложува поради организациски причини.