Мини медицински град покрај Скопје, Ќе има ли средба на векот, Хамнеи хиџабот и странските „непријатели“...

МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство Венко Филипче најави дека новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани. Тој порача и дека во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. Според министерот, тоа бил бил своевиден мал медицински град.

МАКЕДОНИЈА - ГРЦИЈА - Рочиштето на кое Врховниот суд во Атина одлучува по жалбата за одлуката за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски е одложено за 26 април пoрaди прaвни прaшaњa.

САД / СЕВЕРНА КОРЕЈА / ЈУЖНА КОРЕЈА - Американскиот претседател Доналд Трамп се согласил да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун до мај годинава, во потрага по договор за отстранување на нуклеарното оружје од корејскиот полуостров. Ова го изјави висок јужнокорејски претставник по средбата со Трамп во Белата Куќа. Му соопштив на претседателот Трамп дека Ким рече оти е посветен на денуклеаризација, изјави тој.

УКРАИНА - Шефот на една невладина организација, Володимир Рубан кој договарал размена на затвореници во источна Украина бил уапсен од украинските власти под сомнение за шверц. Рубан наводно се обидел да шверцува голема количина на оружје и муниција од реон под контрола на проруските бунтовници.

АВГАНИСТАН - Авганистанските власти соопштија дека во самоубиствен бомбашки напад во шиитски регион во Кабул загинале најмалку 7 лица, а 7 биле повредени. Меѓу жртвите има и еден припадник на безбедносните сили.

ГРЦИЈА - По бурни дебати, во грчкиот Парламент беше отфрлен предлогот на опозициската Нова демократија за формирање комисија за утврдување евентуална одговорност на тројца министри од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас за учество во корупциски скандал со швајцарската фирма Новартис.

ИРАН - Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи ги обвини странските, како што рече, непријатели за финансирање на неодамнешните протести против задолжителното носење хиџаб. Според него, како резултат на тоа некои девојчиња биле измамени и го отстраниле нивниот превез.