Судот во Атина одлучува за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски

Потерница од МВР за Никола Бошковски и Горан Грујевски

Врховниот суд во Атина денеска треба да одлучува по жалбата за одлуката на Солунскиот суд за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски. Претходното рочиште, на 2 март, беше одложено бидејќи еден од адвокатите од грчкиот тим што ги брани двајцата поранешни разузнавачи, беше отсутен поради болест. На ова рочиште имаше преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.

За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, другиот е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, а третиот случај е по македонското барање за екстрадиција.