Премиерот Заев го прими советникот на канцеларката Меркел

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев го прими Јан Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката на Германија Ангела Меркел. Притоа, како што соопшти владината прес служба, Хекер му пренесол на премиерот Заев дека Берлин и понатаму внимателно ќе го следи процесот на разговорите за името на Македонија со Грција, и дека го охрабрува дијалогот од кој се очекува решение кое на Македонија ќе и го отвори процесот за членство во ЕУ, и дека ќе се оствари отворената покана за полноправно членство во НАТО. Премиерот Заев го информирал советникот Хекер дека изградениот амбиент на доверба меѓу двете земји, го отвориле процесот за изнаоѓање заеднички прифатливо решение за ова прашање.