Вработени во Еурокомпозит ќе кампуваат пред Владата

Протест на вработените во фабриката Еурокомпозит во Прилеп во 2014 година

Вработени од прилепскиот загубар Еурокомпозит денеска најавија дека ќе постават шатори пред Владата и ќе кампуваат се додека не им бидат исплатени заостанатите плати. Тие протестите ќе ги започнат пред зградата на ССМ во Скопје, а ќе продолжат пред Собранието, а потоа и пред Владата.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера изјави дека Владата во наредните пет до шест месеци ќе го реши проблемот. Тој најави и дека вработентите во Еурокомпозит ќе ги земаат засотанатите плати.