Србија од утре со контрамерки поради проблемот со брашното

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ изјави дека неговата земја од утре ќе воведе контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно. Тој во изјава за „Данас“ порача дека освен купување време од Македонија не видел подготвеност за решавање на проблемот.

Љајиќ истакна дека бил подготвен да го посети Скопје и да разговара со претставници на македонската влада, но се откажал бидејќи не слушнал конкретен предлог.