Трамп можеби ќе присуствува на отворањето на амбасада на САД во Ерусалим

Американскиот претседател Доналд Трамп со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, 05.03.2018.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја разгледува можноста да престојува во Израел за планираното отворање на новата амбасада на САД во Ерусалим во мај годинава. Тој ова го рече пред почетокот на неговите разговори во Белата куќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Трамп го налути арапскиот свет, како и сојузниците кога лани објави дека Соединетите држави го признаваат Ерусалим за главен град на Израел и затоа таму ќе ја преселат својата амбасада.