Амбасадата на САД во Турција затворена поради безбедносни причини

Американската амбасада во Анкара

Американската амбасада во Турција која беше цел на самоубиствен бомбашки напад во 2013 година објави дека денеска ќе биде затворена поради „безбедносно предупредување“. Меѓу Турција и САД, сојузници во НАТО, односите се напнати со месеци, бидејќи Анкара го обвини Вашингтон дека ја вооружува главната милиција на Курдите во Сирија против која Турција покрена офанзива во енклавата Африн, во северозападна Сирија.