Водостоите зголемени, очекувано е да има излевање на Вардар

Вардар, илустрација

Водостоите, особено во западните делови на Македонија покажуваат натамошно зголемување. Од УХМР информираат дека на реките Црна, Треска, Вардар се забележани тенденции на покачувања. „На станицата во Јегуновце (р.Вардар) измерени се 214 cm и според согледувањата соодветно на водните количини во реката, во околина на станицата очекувано е да има излевања на реката Вардар“, наведуваат во соопштението. Поради појавата на високи водостои и излевања се предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ Македонија, а особено во делови од западна Македонија.