Крај на политичката несигурност во Германија

Ангела Меркел.

Членовите на германскaта Социјалдемократска партија гласаа за повторен влез во коалиција со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, објавија германските медиуми по поштенското гласање.

Ако биде потврдено, гласањето ќе стави крај на политичката несигурност во Германија, која траеше повеќе од четири месеци. Раководството на партијата треба наскоро да ги објави резултатите. Во наредните недели треба да се објават позициите на министерствата и да се формира новата влада.