Илјадници маршираа во Братислава во чест на словачкиот новинар

Свеќи и плакат на словачкиот премиер Фицо за време на собирот во Братислава во чест на загинатиот словачки новинар Јан Куцијак.

Илјадници граѓани на Словачка присуствуваа на национален собир во чест на истражувачкиот новинар, кој беше убиен минатата недела заедно со неговатат партнерка.

На маршот во главниот град Братислава присуствуваше претседателот Андреј Киска. Други маршеви беа планирани во околу 25 градови во земјата. Комеморативни собири се планирани во неколку странски градови, како Лондон, Париз и Брисел.

Телата на 27-годишниот Јан Куцијак и неговата девојка Мартина Куснирова беа пронајдени во нивната куќа во источниот дел на Братислава. Двајцата беа застрелани.

Заедно со фотографиите на новинарот, демонстрантите во Братислава прикажаа транспаренти на кои беше напишано: „Мафијата да излезе од мојата земја“, „Напад врз новинарите е напад врз сите нас.“

Последната незавршена приказна на Кицијак беше за активностите на италијанската мафија во источна Словачка и нивните врски со луѓето блиски до премиерот Роберт Фицо.