Јанукович повика на мировни разговори меѓу Киев и сепаратистите

Архива: Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович повика на „директни мировни разговори“ меѓу Киев и сепаратистите поддржани од Русија на истоткот на Украина, за запирање на конфликтот во кој од април 2014 година загинаа повеќе од 10.300 луѓе.

На денешна прес-конференција во Москва, Јанукович вети дека ќе побара од ЕУ, САД и Русија да помогнат во организирањето на разговорите за реинтегрирање на украински териториии контролирани од сепаратистите.

„Има само еден начин за запирање на војната, а тоа е со почнување на мировни преговори со задолжително учество на Донбас и меѓународни набљудувачи“, рече Јанукович.

Според него, Законот за реинтеграција на териториите под контрола на сепаратистите неодамна усвоен од Украина е во спротивност со мировните договори од Минск и „јасно укажува“ дека Киев нема намера мирно да ја реши кризата.