За НАТО тврдењата на Путин се неприфатливи и контрапродуктивни

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску

НАТО како и германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази загриженост за тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека неговата земја развила ново нуклеарно оружје. Путин за време на неговото традиционално обраќање до нацијата порача дека новото оружје на Русија има неограничен дострел и може да го избегне американскиот антиракетен систем.

Портпаролката на Алијансата, Оана Лунгеску изјави дека предупредувањата на Путин до НАТО сојузниците за време на неговиот говор се неприфатливи и контрапродуктивни.

„Ние не сакаме нова студена војна или нова трка за вооружување“, рече таа.

Лунгеску додаде и дека ракетниот одбранбен систем на НАТО и на САД не е насочен кон Русија.