Одложено рочиштето за жалбата на Грујевски и Бошковски

Потерница од МВР за Никола Бошкоски и Горан Грујевски

Врховниот суд во Атина денеска го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на судот во Солун за поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски. Рочиштето поради отсуството еден од адвокатите е одложено за 9 март.

Грујевски и Бошковски остануваат во атинскиот затвор „Коридалос“. Тие во Грција, веќе имаат три различни и меѓусебно неповрзани процеси, едниот за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна, другиот за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром и третиот по барањето за азил.