Владата ги усвои измените на законот за стечајни работници

Седница на Владата на Република Македонија

Владата го донесе Предлог законот за изменување и дополнување на законот за стечајните работници, односно за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Со него се уредуваат условите за стекнување и начинот на користење на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок кои ќе го добијат стечајците, а кои останале без работа по основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни 2017 година.