Арктичка бура ја смрзнува Европа

Снег во Рим, 26.02.2018.

Арктичкото невреме наречено „Ѕверот од исток“ донесе најниски температури оваа зима во поголемиот дел на Европа. Литванските метеоролози наведуваат дека температурите во некои делови на таа земја паднале на минус 24 степени и довеле до смрт на најмалку три лица во текот на изминатиот викенд. На германските Алпи биле регистрирани минус 27 степени. Во Хрватска околу илјада војници беа ангажирани на чистење на најтешко погодените области каде што снегот достигнал скоро метар ипол. Врнежи од снег имаше и во Рим, што претставува ретка појава.