Израелски сателит снимил руски борбени авиони во Сирија

илустрација

Израелски сателит снимил руски борбени авиони од типот стелт „Сухој 57“, објавија израелските медиуми. Притоа се додава дека два такви авиона се наоѓале во воздушната база во сиријската провинција Латакија. Овие авиони се уште во целост не се оперативни и Русија, како што се наведува, ќе ја користела Сирија како полигон за нивно тестирање. „Су 57“ се смета за петта генерација на борбени авиони во која спаѓаат и американските авиони „Еф 22“ и „Еф 35“.