САД ќе чекаат да видат дали Северна Кореја е сериозна со предлогот за разговори

портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс

Белата куќа соопшти дека ќе почека да види дали е сериозна најавата на Пјонгјанг за разговори со Соединетите држави, што е редок чекор кон дипломатија по повеќемесечните нуклеарни и ракетни проби на Северна Кореја и заканите со војна од двете страни. Во американската делегација на завршувањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја беше и портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс која изјави дека претседателот Доналд Трамп останува посветен на постигнување целосна и „неповратна“ денуклеаризација на Корејскиот полуостров.