Јункер и Хан денеска во Белград

Заедничка прес конфернција на претседателот на ЕС Жан Клод Јункер и премиерот на Македонија Зоран Заев, Скопје, 25.02.2018.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во рамките на нивната посета на регионот денеска и утре ќе престојуваат во Белград каде што ќе разговараат со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. Тие доаѓаат во Белград од Тирана, а балканската турнеја ја почнаа во Скопје. По Белград Јункер заминува за Подгорица каде што ќе им се обрати на пратениците на црногорското собрание. Јункер и Хан на 28 февруари ќе престојуваат во Сараево каде што ќе им се приклучи и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. По престојот на Косово европската делегација балканската турнеја ја завршува на 1 март во Софија каде што заедно со премиерот на Бугарија која претседава со ЕУ Бојко Борисов ќе се состане со лидерите на Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово и Србија.