И Бугарија има услови, Името до јули, Турција затвора новинари, Хакери го нападнаа банкарскиот систем СВИФТ...

МАКЕДОНИЈА - Од третирањето на заедничкото минато зависи европската перспектива на Македонија. Бугарија не прифаќа географска одредница на името која опфаќа делови од нејзината територија, порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во официјална посета на Македонија.

МАКЕДОНИЈА / БУГАРИЈА - Европската унија е сосема сигурна дека Македонија ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција пред јули, изјави денеска во Софија еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и државите кандидати.

БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Македонија очекува до крајот на бугарското претседателство со Европската унија да добие датум за почеток на преговорите за членство, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров пред почетокот на денешната сесија од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Гимних, во Софија.

БУГАРИЈА - Поделби се јавија во Европската унија околу плановите за членство на балканските земји. Некои од членките на дводневниот состанок во Софија предупредија на растечкото руско и кинеско влијание во регионот доколку Унијата не го забрза процесот за прием на земјите од Западен Балкан. Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е претседавач на ЕУ предупреди дека е прашање на - сега или никогаш.

ТУРЦИЈА - Судот во Истанбул осуди шест новинари на доживотни казни затвор обвинети за вмешаност во обидот за државен удар во 2016 година, соопштија турските медиуми. Меѓу осудените денеска се поранешниот уредник на весникот Тараф - Ахмет Алтан, неговиот брат, новинарот и академик Мехмет Алтан и истакнатиот новинар Назли Иличак. Новинарите беа обвинети за поврзаност со исламскиот свештеник од САД Фетилах Ѓулен, кого Турција го обвини за неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година. Ѓулен ги отфрла обвиненијата.

ГЕРМАНИЈА - Постер на рускиот претседател Владимир Путин во белград, Србија. Влошените односи меѓу Русија и Западот уште еднаш ќе бидат главна тема на годишната конференција во Минхен посветена на безбедносните прашања во светот. Дискусиите се главно свртени кон нуклеарните закани од Северна Кореја и конфликтите во Украина и Сирија. Претседавачот на Конференцијата Волфганг Ишингер предупреди дека растечките тензии меѓу Вашингтон и Москва и зголемениот национализам се едни од најголемите ризици на меѓународниот поредок.

КОСОВО - Албанци од Косово се подготвуваат за прославата на 10-годишнината од прогласувањето независнот. Ден пред денот на косовкста независност, косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека ќе бидат откриени убијците на лидерот на Граѓанската иницијатива Србија, демократија, правда, Оливер Ивановиќ, и дека вистината некого ќе го здоболи.

РУСИЈА - Хакери украле шест милиони долари (339,5 милиони рубљи) во напад на меѓународните платежни системи СВИФТ во Русија минатата година, објави денеска Руската централна банка.