Столтенберг: Турција тешко ќе ги интегрира ракетните системи С-400

Архива: руските системи за противракетна одбрана С-400.

За Турција ќе биде компликувано да ги интегрира руските системи за противракетна одбрана С-400 во системот за противракетна одбрана на НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Тој истакна дека Турција исто така соработува со две земји членки на НАТО, Франција и Италија, за создавање систем за противракетна одбрана на базата на комплексите САМПТ-Т, посочувајќи дека НАТО ги поздравува напорите за создавање на противракетна одбрана врз база на комплексите на САМП-Т.

Кон крајот на јануари рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопшти дека е потпишан договор за испорака на рускиот ракетен систем С-400 за Турција.