Грујевски и Бошковски ќе дадат изјава пред Комитетот за азил во Солун

Горан Грујевски и Никола Бошкоски, под придружба на грчки полицаец, го напуштаат судот во Солун, 19.10.2017.

Поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски, денеска пред Комитетот за азил во Солун ќе ги изнесат причините поради кои го бараат азилот во Грција, јави МИА, повикувајќи се на адвокатскиот тим. Претходно нивното првично сослушување во Комитетот беше одложено бидејќи имало проблем со обезбедување преведувач на македонски јазик. Грујевски и Бошковски барање за добивање политички азил во Грција доставија на 29 ноември лани. Со поднесеното барање за политички азил пак, се отвори нов паралелен и дополнителен процес. Грујевски и Бошковски, во Грција, веќе имаат три различни и меѓусебно неповрзани процеси, едниот за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна, другиот за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром и третиот по барањето за азил.