НАТО бара поголеми издвојувања за одбраната

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика европските сојузници и Канада да продолжат со зголемувањето на трошоците за одбрана во момент кога Алијансата ги шири своите командни центри како одговор на активностите на Русија. Тој на министерскиот состанок на земјите членки на НАТО во Брисел изјави дека се потребни поголеми инвестиции во мисиите на Алијансата со цел земјите да ја одржат безбедноста. НАТО најави отворање на два нови командни центра со кои ќе бидат опфатени трансатлантските патишта за поморски сообраќај, како и транспортот во Европа. Одговорноста за овие центри ќе ја преземат САД и Германија.