Виенски почеток на новата етапа за името, Турција ишарет до САД заради Курдите, Спортски предлог на солунскиот градоначалник...

МАКЕДОНИЈА / АВСТРИЈА - Министрите Димитров и Коѕијас во Виена се сретнаа со медијаторот Метју Нимиц. Ова е прв состанок од новата етапа на преговорите, кој сега се води на министерско ниво.

ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром Македонија. Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да рзмислиме за тоа, бидејќи името Македонија го подели светот, не подели нас и од тоа сите губиме, рече Бутарис во изјава за грчката ТВ Скај. Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис.

МАКЕДОНИЈА - СВР Битола поднесе кривични пријави против неколку поранешни и актуелни директори на РЕК Битола и против АД ЕЛЕМ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загадување на животната средина и природата, соопшти МВР. Пријава е поднесена и за ЕЛЕМ.

УКРАИНА - Министерството за одбрана на Украина соопшти дека еден од нејзините војници е убиен и двајца се ранети во судири во источниот дел на земјата. Од Министерството денска наведоа дека сепаратистите поддржани од Русија 11 пати го прекршиле прекинот на огнот во последните 24 часа пукајќи со митралези, ракетни гранати и минофрлачи.

ГРЦИЈА - Грчкиот премиер Алексис Ципрас го повика парламентот да ги испита политичарите за кои постои сомневање дека се вмешани во случајот со примање мито од швајцарската компанија за лекови Новартис. Тој притоа вети дека ќе преземе соодветни мерки доколку истрагата најде докази за таквото неетичко однесување. Тој рече дека ќе го врати секое евро украдено од народот.

ТУРЦИЈА - Градоначалникот на главниот град на Турција, Анкара, соопшти дека одобрил улицата пред американската амбасада да се преименува во Маслиново гранче, како што е наречена операцијата на турската армија против курдските борци во северна Сирија. Улицата сега се вика Авенија Невзат Тендоган. Анкара е незадоволна од сојузот меѓу САД и сириските Курди против кои е насочена турската офанзива.

КОСОВО - Основниот суд во ги ослободи двајцата полицајци кои беа уапсени пред два дена под сомнение дека не го заштитиле местото на убиството на Оливер Ивановиќ, објави Коха диторе. Веста за весникот ја потврди и главниот обвинител на Основното обвинителство во Митровица, Шуќри Суља.

САД - Најновите сателитски податоци покажуваат дека топењето на ледената покривка на Гренланд и на Антарктикот го забрзува растот на нивото на морињата. Научниците наведуваат дека со сегашната стапка, светските океани до крајот на овој век би биле во просек над 60 сантиметри повисоки од сегашната состојба. Студијата е базирана врз сателитски податоци собрани во изминативе 25 години. Со ова се потврдени претходните предвидувања и компјутерски симулации дека трендот постојано се забрзува.