Шулц се откажа од функцијата шеф на германската дипломатија

Архивска фотографија-гееманската канцеларка и лидерка на ЦДУ Ангела Меркел и претседателот на СДП Мартин Шулц

Мартин Шулц, шефот на Социјалдемократската партија денеска објави дека се откажува од позицијата министер за надворешни работи во идната германска владина коалиција со канцеларката Ангела Меркел. Тој наведе дека прифаќањето на таа функција би го загрозило клучното гласање на СДП за формирање на новата влада.

62-годишниот Шулц наиде на притисок во партијата да го разгледа прифаќањето на позицијата шеф на дипломатијата земајќи предвид дека претходно категорично одби формирање на нова алијанса со канцеларката и придружување на нејзиниот кабинет. Незадоволството е најголемо во базата во покраината Северна Вестфалија.

Објавата на Шулц доаѓа и во време на подготовки за гласањето на повеќе од 460 000 членови на СДП за тоа дали го прифатат новиот коалициски договор.