Привремено затворање на американската влада

лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер

Владата на Соединетите држави, по втор пат оваа година, се затвори, поради тоа што Сенатот не можеше да гласа за предлог-закон за финансирање пред полноќ. Сенатот доцна синоќа без гласање ја одложи расправата на еден час пред крајниот рок. Сенаторите повторно ќе се состанат денеска, а водачите на Сенатот изразија надеж дека исклучувањето ќе трае најмногу неколку часа. Ако Сенатот конечно го одобри законот за трошење, исто така ќе треба да биде усвоен од Претставничкиот дом пред претседателот Доналд Трамп да може да го потпише законот, што би можело да потрае неколку часа. Владата на САД три дена беше затворена откако на 19 јануари Белата куќа и Конгресот не успеаја да постигнат договор. Најновото затворање е главно резултат на активностите на еден сенатор, републиканецот Ранд Пол кој искористи процедурален потег за да го спречи гласањето до крајниот рок на полноќ.