САД: Сирија мора да престане да употребува хемиско оружје

Гута, Сирија, 08.02.2018.

Соединетите држави соопштија дека сирискиот претседател Башар ал Асад мора веднаш да престане да употребува хемиско оружје и да бомбардира цивилни области. Стејт департментот изрази „исклучителна загриженост“ поради растечкото насилство во Илдиб и во Гута во близина на Дамаск. Портпаролката на Стејт депртментот Хедер Нојерт изјави дека имало извештаи за нови напади во последниве неколку денови во кои биле убиени десетици цивили. Таа додаде дека САД го поддржуваат повикот на ОН за едномесечен прекин на насилствата.