Грчки политичари во центар на фармацевтски скандал

поранешниот премиер на Грција Андонис Самарас, архивска снимка

Грчкиот парламент ги објави имињата на двајца поранешни премиери меѓу кои и Андонис Самарас и осум екс министри, вклучувајќи го и гувернерот на Централната банка Јанис Стурнарас и еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос како вмешани во голем фармацевтски скандал, јави агенцијата Асошиетед прес. Швајцарскиот фармацевтски гигант „Новартис“, според истрагата од 2006 до 2015 година, ги подмитувал грчките функционери со цел во грчките болници да биде зголемен бројот на рецепети на негови лекови. Истрага се води и против директорот на огранокот на „Новартис“ во Грција на кој му е забрането да ја напушти земјата. „Ова е голем скандал кој го запрепасти грчкото општество“, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.