Грција бара да ја кажеме придавката, Заев вели подготвени сме за географска одредница, Русија трупа проектили кај Калининград...

МАКЕДОНИЈА - Подготвени сме за географска одредница за името, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на новинар да ја коментира изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас кој побара од Скопје да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име. Заев не ја кажа географската одредница.

ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Очекуваме од Скопје, конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за Eуроњуз на грчки јазик. Одговорот стаса од премиерот Зоран Заев: Подготвени сме за географска одредница.

БЕЛГИЈА - ЕУ ја објави стратегијата за проширување на ЕУ за Западен Балкан. Таа е составена од 6 иницијативи кои се однесуваат на владеење на правото, безбедност и миграции, социјално-економскиот развој, транспорт и енергетска поврзаност, како и дигитална агенда и помирување и добрососедски односи. Но, како што порачаа од ЕУ, освен реформите, потребно е и решавање на отворените прашања.

МАКЕДОНИЈА - Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека 2018 е година кога треба да се реши спорот со Грција за името, оти веќе следната година настануваат нови околности, чиј исход не може да се предвиди.

САД - Портрет на америанскиот претседател Доналд Трамп изработен од ситни парички од украинските уметници Дарија Марченко и Даниел Грин. Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп го советувале да не оди на разговор кај Роберт Мулер специјалниот советник кој го истражува можниот заговор меѓу Русија и изборниот штаб на Трамп за да се влијае врз претседателските избори во 2016 година. Ова го пишува Весникот Њујорк тајмс, повикувајќи се неколку добро информирани извори.

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин со дел од учесничките во големата парада по повод Сталинградската битка. Путин и формално е регистриран како кандидат за претседателските избори во Русија на 18 март. Централната изборна комисија го регистрираше Путин на точно два месеци откако тој ја објави неговата намера да се кандидира за четврти мандат.

ЛИТВАНИЈА - Литванската претседателка Далија Грибаускајте изјави дека Русија за постојано распоредила во својата енклава Калининград проектили способни да носат нуклеарни боеви глави. Според неа, станува збор за распоредување на проектилите Искандер кои, како што рече, се закана не само за Литванија, туку и за половина европски земји.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини демократите дека биле неамериканци, а можеби и предавници, бидејќи не му аплаудирале во текот на говорот за состојбата на нацијата.