Русија, Иран и Кина против нуклеарната политика на САД

Русија, Иран и Кина упатија силни критики за новиот план за нуклеарна политика на Вашингтон околу проширувањето на можностите на САД за нуклеарно оружје со цел да ги одвратат другите земји. Планот, со кој се бара нуклеарниот арсенал на САД да биде реконструиран со развојот на новите атомски оружја, беше објавен преку политичка изјава на администрацијата на претседателот Доналд Трамп пред два дена.

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги обвини САД дека "бесрамно ѝ се закануваат на Русија со ново атомско оружје". Во телевизиски говор од Техеран, Рохани рече:

"Истите луѓе кои наводно веруваат дека употребата на оружје за масовно уништување е злосторство против човештвото, зборуваат за ново оружје за да се закануваат или да го користат против ривалите".

И Кина денеска ја критикуваше американската влада за прикажување на Пекинг како потенцијален нуклеарен противник, откако извештајот за нуклеарната политика на САД наведе дека Вашингтон сака да го спречи Пекинг погрешно да заклучи дека каква било употреба на нуклеарно оружје, колку и да е ограничено, е прифатливо. Кина, исто така, го повика Вашингтон да ги почитува своите обврски за намалување на својот нуклеарен арсенал.

Виктор Бондарев, претседател на Комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Руската Федерација, го обвини Вашингтон дека "бара изговор за какви било политички, економски и воени чекори".

Прегледот на нуклеарна држење, е извештај кој обично се прави на почетокот на новата американска администрација, а во кој се наведуваат нуклеарните цели на Пентагон под водство на Трамп.