Два послаби земјотреси во Македонија

Илустрација.

Во Македонија денеска се регистрирани два земјотреси, еден во Скопје и уште еден во охридското епицентрално подрачје, соопшти сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Земјотресот во Скопје со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 08:03 часот со епицентар на неколку километри источно од централното градско подрачје. Земјотресот во Охрид со Рихтерова магнитуда од 2,1 степени е регистриран во 02:26 часот со епицентар на 10 километри источно од Охрид.