Во Германија оптимизам за постигнување договор за нова влада

Лидерите на ЦДУ и на Социјалдемократската партија Ангела Меркел и Мартин Шулц

Лидерите на германските главни политички партии изјавија дека се оптимисти во врска со постигнување договор за формирање „голема коалиција“. Претставници на конзервативците на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите за денеска најавија одвоени средби за да се подготват за финалната рунда разговори во текот на претстојниот викенд. Тие поставија рок до 4 февруари да постигнат договор за формирање коалициска влада на чие чело ќе биде Меркел. Партиите се надеваат на решение со што би се избегнале предвремени парламентарни избори.