Почна амнестијата, Русија го забрани „Смртта на Сталин“, Трамп со директна закана за Палестинците...

МАКЕДОНИЈА - Во Кривичниот суд почна судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на настаните во Собранието на 27 април минатата година. Во судницата беа присутни десетмина обвинети. Села не дојде на рочиштето.

МАКЕДОНИЈА - Тригодишниот мандат на досегашниот директор на МРТВ Марјан Цветковски истекува, па јавниот сервис распиша конкурс за избор на нов директор. Него ќе го бира стариот состав на Програмскиот совет, а измени се очекуваат со измените на законот за аудиовизуелни медиумски услуги. Очекуваните реформи во Јавниот сервис ќе почекаат.

МАКЕДОНИЈА - Стапи во сила новиот закон за амнестија со кој целосно се ослободуваат 670 затвореници, а на околу 4000 казната им е намалена за 30 отсто. Сега веќе слободните граѓани треба брзо да се интегрираат во општеството, а полицијата превентивно да го следи нивното однесување.

ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Новиот грчки протест под мотото Одбрана на името Македонија, официјално е закажан за 4 февруари во 14 часот на плоштадот Синтагма во Атина, соопштија на прес-конференција организациите и здруженијата кои го организираат протестот, во голем дел од дијаспората, наведувајќи дека формирале координативен комитет задолжен за организацијата и повикаа на масовно учество.

ЧЕШКА - Чешкиот претседател Милош Земан е во трка за уште пет години во Прашкиот замок. Неговиот противкандидат Јиржи Драгош предупредува дека руските разузнавачки служби посакуваат победа на Земан.

СИРИЈА / ТУРЦИЈА - Тројца турски војници се загинати и 11 припадници на Слободнта сириска армија (ССА, на фотографијата), а вкупно 130 се ранети од почетокот на турската операција во сирискиот град Африн, изјави турскиот министер за здравство Ахмед Деморџан откако ги посети хоспитализираните војници.

ШВАЈЦАРИЈА / САД - Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја повлече помошта за Палестинците ако тие не се залагаат за мир со Израел. Тој им забележува на палестинските власти за одбивањето да се сретнат со потпретседателот Мајк Пенс и за масовните секојдневни протести и немири против одлуката Ерусалим да биде главен град на Израел.

Still from the movie "Death of Stalin"