Загинаа тетовка и нејзините три деца, Стари пречки во новите преговори за името, Чорапите на премиерот Трудо хит во Давос...

МАКЕДОНИЈА - Мајка и четири малолетни деца загинаа во пожар во нивната семејна куќа во Тетово. Мајката имала 39 години, а децата, три момчиња и едно девојче, биле на возраст од 4 до 13 години. Кога се случил пожарот таткото и сопруг бил на работа како ноќен чувар.

МАКЕДОНИЈА - Во изминативе неколку месеци владите на Македонија и Грција навистина воспоставија многу интензивен дијалог, со цел да можат да креираат атмосфера која ќе придонесе кон наоѓање на решение и изгледа дека вчерашната средба меѓу двајцата премиери е темел за подобро разбирање што ќе биде добро не само за двете земји, туку и за целиот регион и за цела Европа, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.

ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Шефот на грчката дипломатија Никос Козијас по завршувањето на средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, како што јави МИА, на Твитер оцени дека со надворешната политика, грчката влада става крај на иредентизмот.

РУСИЈА - Руски пилоти за време на вежба на полуостровот Камчатка. Земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала го погоди источниот брег на Русија, соопшти Геолошкото истражување на САД. Оттаму наведуваат дека епицентарот на земјотресот бил на 38 километри североисточно од градот Николскоје на Островот Беринг кај Полуостровот Камчатка, на длабочина од 8,8 километри.

ФРАНЦИЈА - Француската метеоролошка служба соопшти дека 15 департмани, како и делови од главниот Град Париз, се под портокалов метео-аларм поради излевањето на Сена и на уште неколку реки од нивните корита низ целата земја.

РУСИЈА - Висок руски претставник вели дека продажбата на пиво ќе биде дозволена на сите стадиони ширум земјата за време на претстојното Светско првенство во фудбал.

ИТАЛИЈА - Во железничка несреќа кај Милано, во која еден воз излетал од шините и удрил во друг, загинале три лица, 10 се потешко, а 110 полесно повредени.

ШВАЈЦАРИЈА - Канадскиот премиер Џастин Трудо, освен со своите излагања, го привлече вниманието на Светскиот економски форум во Давос и со изборот на чорапи. Тој носеше виолетови чорапи со жолти патки.