Денеска во Давос средба меѓу Заев и Ципрас

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев, од денеска до 26 јануари, ќе учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, на кој учествуваат шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот. На маргините на собирот тој ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Инаку, како дел од активностите, предвидено е премиерот Заев в петок да оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан.