Името приоритет и за Бугарија, Бутарис пак ги налути Грците, Светската елита во Давос, Вулканска ерупција и лавина во Јапонија...

ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Грчки организации и здруженија, по протестот во Солун, организираат нов собир во главниот грчки град Атина. Преку социјалните мрежи и изјави во грчките медиуми се упатува повик граѓаните на 4 февруари да излезат во центарот на Атина во рамките на кампањата што започна под мотото Македонија е грчка.

БУГАРИЈА / ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Спорот со името и европската перспектива на Западен Балкан се дел од високите приоритети на претседавањето на Бугарија со ЕУ, истакна бугарскиот амбасадор во Грција Веселин Иванов, кој во канцеларијата на делегацијата на Европскиот парламент во Атина ги презентираше приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ. Амбасадорот рече дека Бугарија не може да биде медијатор во спорот, но дека може да помогне за негово решавање.

ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Сфаќањето дека Македонија е само грчка и ништо повеќе од тоа е мошне лошо, изјави градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, посочувајќи дека кога се пристапува кон одреден проблем потребно е да се земат предвид сите приклучени страни во спорот.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша предлог законот за привремено финансирање на владата на САД. Овој закон, со кој се овозможи крај на тридневната блокада поради која не работеа некои федерални служби, претходно беше усвоен во Сенатот.

ШВАЈЦАРИЈА - Мислам дека треба да бидеме изненадени, а Давос секогаш е место каде што бараме изненадувања и се надевам дека тоа ќе биде позитивно изненадување, изјави Основачот на Светскиот економски форум во Давос, Клаус Шваб, во коментарот за Ројтерс, а во врска со учеството на американскиот претседател Доналд Трамп на Форумот.

ЈАПОНИЈА - Еден јапонски војник загина, а уште најмалку 15 други луѓе беа повредени кога вулканска ерупција предизвика лавина во близина на еден ски центар, северозападно од Токио.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Гулаб излетува од влез на подземна железничка станица на улицата Крејвен каде било регистрирано големо истекување на гас. Лондонската пожарна служба соопшти дека 1.450 луѓе биле евакуирани од ноќен клуб и хотел поради истекување на гас во оваа позната туристичка област во британскиот главен град.

ЕУ / ГРЦИЈА - Еврозоната даде начелна согласност за исплата на помошта од 6,7 милијради евра на Грција откако е утврдено дека властите во Атина ги спровеле повеќето реформи кои биле побарани во замена за финансиската помош.