Столтенберг денеска и утре во Македонија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Предвидено е тој да се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија, а се очекува да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и министрите за одбрана и надворешни работи Радмила Шекеринска и Никола Димитров, како и со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски и лидери на други политички партии. Во рамките на посетата предвидена е заедничка прес-конференција на Столтенберг со премиерот Заев в четврток во 16 часот во Владата.