Времето денеска: облачно и врнежливо

Во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови облачно со врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Попладне врнежите ќе се интензивираат, а пообилни ќе бидат во западниот дел на земјата. Ќе дува засилен југозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните и западните подрачја. Температурата ќе се движи од 5 до 16 степени. Во Скопје и околината до 12 степени.