Ратификуван Договорот со Бугарија, Нимиц нема предлог, Русија го кажа ставот за името, Борба со ножеви во училиште...

МАКЕДОНИЈА - Собранието го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. Со 61 глас за и еден воздржан пратениците го изгласаа Предлог-законот за добрососедство со Бугарија, а во работата на Парламентот не учествуваа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

МАКЕДОНИЈА / ГРЦИЈА - Медијаторот во преговорите за името Метју НимиЦ, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ, изјави дека нема нов предлог за името и оти на новата средба закажана за 17 јануари во Њујорк ќе излезе за предлог идеи за кои веќе е дискутирано во минатото.

РУСИЈА / МАКЕДОНИЈА - На прашањето дали Москва ќе го прифати евентуалното ново име на Македонија која од Русија е призната под уставното име, рускиот министер за внатрешни работи Сергеј Лавров рекол дека било какво име што ќе го договорат Атина и Скопје, а кое официјално ќе биде внесено во уставот на Македонија, ќе биде прифатено од руска страна.

ГРЦИЈА - Посетител пуши електронска цигара на Првиот саем на канабис во Атина. 68 проценти од Грците не сакаат терминот Македонија да биде употребен во решението на спорот со името.

РУСИЈА - Руските власти соопштија дека наставничка и две момчиња биле сериозно повредени во, како што истражителите опишаа, борба со нож во средно училиште во градот Перм. Регионалното Министерство за безбедност информира дека вкупно 15 лица, повеќето ученици, биле повредени во училиштето Број 127.

ПАЛЕСТИНА - Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека Израел го завршил мировниот договор потпишан во Осло во 1993 година со кој се гарантира палестинска самоуправа. Тој притоа изјави дека не прифаќа американско посредување во разговорите со Израел.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е расист откако беше критикуван за тоа што, како што пишуваа дел од американските медиуми, ги омаловажил Хаити, Ел Салвадор и државите во Африка. Јас сум најмалку расистичка личност што сте ја интервјуирале, изјави Трамп од неговиот приватен голф клуб на Флорида. Трамп навредливиот коментар, според медиумите, го дал на 10 јануари на состанок со шестмина сенатори во Белата куќа.

ИНДИЈА - Пакистанската војска соопшти дека четири пакистански војници и тојца индиски биле убиени во престрелка во спорниот регион Кашмир. Индија негираше дека имало жртви меѓу нејзините војници, но оти тие убиле петмина милитанти кои се обиделе да ја преминат контролната линија во одделен инцидент во Ури, 100 километри северозападно од главниот град Синагар.