Оптимизам од Грција, Кривична истрага за Дрисла, Бугарија ја зема европската палка...

МАКЕДОНИЈА - Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе бидат посветени на пронаоѓање решение за спорот за името. Ова го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Ројтерс.

МАКЕДОНИЈА - Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас отворило предмет за кривично дело Загадување на животната средина и природата од Член 218 од Кривичниот законик во врска со работата на депонијата Дрисла.

МАКЕДОНИЈА - ГРЦИЈА - Ова прашање беше одложувано долги години. Ова е важна шанса за негово решавање што може да се искористи и јас сум оптимист, изјавил претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис за грчката државна телевизија.

БУГАРИЈА - Постои опасност во овој многу комплициран регион во Европа да може да се случат настани кои би ги вратиле работите во раните 90-ти години од минатиот век. Секако, ние не сакаме тоа да се повтори, рече претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во Софија на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

ГРЦИЈА - Грчката полиција морала да употреби солзавец и да ги повика специјалците на помош кога поголема група демонстранти се обидела да влезе во дворот на грчкиот Парламент по завршувањето на демонстрациите против предлогот за скратување на правото на штрајк во Грција.

УКРАИНА - Украинската војска соопшти дека оден од нејзините војници е убиен и четворица се повредени во судири во текот на изминатите 24 часа во источниот дел на земјата. Во соопштение на Министерството за одбрана се вели дека сепаратистите поддржани од Русија девет пати го прекршиле прекинот на огнот во престрелки во кои користеле митралези, минофрлачи и ракетни гранати.

РУСИЈА - Владимир Жириновски, претседателот на руската Либерал-демократска партија, го гледа својот сопартиец додека ја бакнува неговата сопруга честитајќи ѝ и годишнината од нивниот брак. Жириновски, еден од најконтроверзните руски политичари, ја почна својата пред-кампања за претстојните претседателски избори во Русија.

САД / ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Фотографија од нова восочна фигура од американскиот претседател Доналд Трамп поставена пред зградата наречена Амбасада на САД во Градините на амбасадата во Лондон. Трамп одлучил да го продолжи олеснувањето на санкциите спрема Иран, определено со нуклеарната спогодба на Техеран со светските сили, оставајќи го договорот засега непроменет, јавуваат неколку медиуми, цитирајќи извори блиски на Трамп. Според нив, се очекува Белата Куќа денеска да ја објави одлуката на претседателот.

РУСИЈА - Келнерки со маички со ликот на рускиот претседател Владимир Пуин облечен како Дедо Мраз позираат на отворањето на нов бар именуван Њујорк, во центарот на Краснојарск.