САД: Пакистан и Иран ги кршат верските слободи

Пакистански активисти од религиозната група "Тереек-и-Лабак" Јах Расул Алах Пакистан (ТЛАРАП)

Aмериканскиот Стејт департмент наведе дека Пакистан, Иран и три земји од Централна Азија со своите политики ги кршат верските слободи. Во денешното соопштението Стејт департментот објави дека Иран, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан се меѓу групата од 10 нации, кои се окфалификувани како "земји со загриженост" поради толерирање на кршењето на верските слободи. Исто така, на листата од 10 земји се Бурма, Кина, Еритреја, Северна Кореја, Судан и Саудиска Арабија.Во соопштението се вели дека Пакистан е ставен на специјална листа за набљудување поради "тешки прекршувања на верските слободи". Односите на САД со Пакистан се особено затегнати во последниве денови. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп наведе дека наскоро ќе преземе "специфични акции" против Исламабад поради недостаток на соработка во борбата против тероризмот.